Проширувањето на Тетово-Гостивар отвора нова патарина

by fokus

Благој Бочварски, министер за транспорт и врски, денеска во Собранието рече дека автопатот Тетово – Гостивар во иднина ќе има уште една наплатна станица за патарина, поради неговото проширување и реконструкција.

-На овој автопат во иднина паралелно ќе се гради уште една лента, но по друга траса што ќе биде Гостивар-Тетово, а на овој актуелниот ќе се вози по спротивниот правец. Патарина ќе се плаќа ако сакаме тој да биде безбеден и сигурен во лето, но и во зимски услови да биде сервисиран, така што тоа е законска одредба која е воведена во државата. Треба да ги почитуваме и овие законски одредби, ако сакаме повеќе инвестиции – рече Бочварски.

Министерот за транспорт и врски додаде дека во моментов сите градежни компании работат максимално на патната инфраструктура, но и на гасоводите и водоводите.

Поврзани новости