Пропадна уште еден проект на Тодоров, никако да се изберат генијалците со коефициент на интелегенција над 140

by Fokus 14:20
14:20

Повеќе од четири години, министерот за здравство Никола Тодоров „вработува“ генијалци со коефициент на интелегенција над 140, кои никако да бидат избрани и да почнат со работа. Околу овој проект на Тодоров, во јавноста се крена голема фама, се правеа смешки и монтажи по социјалните мрежи, а огласот стигна и до страниците на Вашингтон Пост.

По четири години оттогаш низ вратите на ресорното министерство се уште не влегле десетте генијалци кои треба да го советуваат Тодоров, што значи дека пропадна уште еден од многуте најавени проекти на ресорниот министер.

- Advertisements -

За првпат во историјата на независна Македонија се појави таков оглас во кој министер бара советници со IQ над 140 и да поседуваат сертификат од МЕНСА (лиценцирана организација за тестирање на коефициентот на интелигенција)

„Фокус“ испрати неколку прашања до министерството за здравство за да ни кажат до каде е проектот, колку има пријавени на огласот и дали воопшто овој проект некогаш ќе профункционира, но од таму не добивме повратен одговор.

Единствен одговор на оваа тема бил даден уште во 2012 година кога од министерството тврдеа дека на огласот се пријавиле 63 генијалци од кои Тодоров треба да избере само десет за во Советодавното тело. Тој тогаш тврдеше дека му се потребни екстра интелегентни луѓе затоа што ќе бидат ангажирани во Комитетот за сложени анализи во Министерството за здравство.

Никој не знае што се случи со сите оние потенцијални советници кои конкурираа на огласот, дали добиле некаков повратен одговор од ресорното министерство и дали се воопшто известени како ќе тече понатамошната процедура?

img010-e1352372069669-2

Според конкурсот кој беше распишан во еден од дневните весници, освен интелегенцијата, услов за вработување е кандидатите да имаат дипломирано на државниот Универзитет „Свети Кирил и Методиј“ односно на прворангираниот Универзитет во земјава според последното рангирање на Шангајскиот универзитет.

Ирена МУЛАЧКА

Поврзани новости