Пропадна тужбата за клевета против Ременски, тужителот Диме Спасов избега од судско соочување

by Fokus

Пратеничката Фросина Ременски објави дека тужбата што против неа за навреда и клевета ја поднесе екс министерот за труд и социјала, Диме Спасов е повлечена, откако ниту тој, ниту неговиот адвокат не се појавиле на судското рочиште.

Во ваков случај, кога ниту тужителот, ниту неговиот правен застапник неоправдано не  се појавиле во суд, а по тужба која самите ја поднеле, тоа значи автоматско попвлекување на истата.

Според документот, на рочиштето кое требаше да се одржи во Основниот суд Скопје 2, а, кое беше закажано на 2 октомври, годинава не се појавил тужителот Спасов, кој бараше утврдување на одговорност за клевета и надомест на нематеријална штета од 1.200.000 денари.

 

 

 

 

 

Поврзани новости