Пропадна референдумот во Босилово

by fokus

Референдумот во село Босилово за отворање на рудници за бакар и злато помина неуспешно, откако не излегоа повеќе од 50 проценти од гласачите.

Според првичните информации, во сите гласачки места бројот на излезени бил под 50 отсто.

Иницијаторите за референдумот „Здрава котлина“ велат дека ваквата летаргичност на населението е срамна.

-Ова што се случи денес во Босилово е срам за сите граѓани што не излегоа. Јас не знам дали биле партиски притиснати, незаинтересирани или има некоја друга причина, но дефинитино ова е срам за Босилово, затоа што овие луѓе кои не излегоа од која било причина ќе ја носат крвта на идните генерации ако овој рудник проработи“, рече Стојан Велков Трн, претседател на „Здрава колина“.

Поврзани новости