Пронајдено украдено возило, претрес во Грчец, едно лице приведено

by Fokus

МВР денеска соопшти дека по преземени мерки и активности полициски службеници од СВР Скопје го пронашле возилото „ауди 6 кватро“. Возилото претходниот ден било пријавено дека е одземено на бул. „Партизански одреди“ во Скопје а полицијата веднаш започнала со потрага.

Во врска со овој случај приведен е Н.Ш. (34) од Грчец, а извршен е и претрес во неговиот дом со цел целосно расчистување на случајот.

Поврзани новости