Пронајдено телото на еден од косовските полицајци во водите на Лепенец

by fokus

Нешто по 16 часот, по петдневна потрага е пронајдено телото на еден од двајцата косовски полицајци во водите на Лепенец. Инаку, двајцата се водеа како исчезнати откако возилото во кое се превезувале заврши во реката.

„Телото е пронајдено на пет километри од местото на несреќата. Телото се уште не е идентификувано“, соопшти портпаролот на регионалниот полициски комесаријат во Урошевац – Агим Гаши.

Како што јави дописникот на МИА, денеска во потрагата по полицајците се вклучи и еден од најдобрите косовски нуркачи Исмаил Касуми, кој претходно тврдеше дека не е можно речната струја да ги однела телата на полицајците на македонска територија.

Двајцата полицајци, Арменд Трена (23) и Малесор Даши (26) од Полициската станица во Качаник, вечерта на 28 април за време на патрола на излез од градот, од засега непознати причини со службено возило излетале од патот во амбис длабок 150 метри и завршиле во водите на Лепенец.

По барање на косовските власти во потрагата на телата на полицајците беше вклучено и македонското Министерство за внатрешни работи, долж течението на реката Лепенец на територија на Македонија.

Поврзани новости