Пронајдено е детето кое попладнево се изгуби во Скопје

by fokus

Еден час откако преку социјалните мрежи беше објавено дека денеска во Скопје се изгубило детето Михаил, од полицијата соопштија дека тоа е пронајдено.

„Во 17.05 часот е пронајдено детето за кое од В.К. денеска во 16.03.часот беше пријавено дека се изгубило на подрачје на ПС Центар во Скопје. Детето им е предадено на родителите“, соопшти МВР.

Инаку, Валентина Костадиновска околу 16 часот преку Фејсбук побара помош во потрагата по Михаил, објавувајќи и фотографија од детето.

“Детето се вика Михаил и вози мал зелен точак, облечено е во тегет маица и сиви тренерки“, напиша Костадиновска која потоа, откако полицаец го пронашол детето, се заблагодари преку социјалните мрежи.

Поврзани новости