Пронајдени тројца малолетници кои сквернавеле гробови

by Фокус

Полицијата денеска идентификувала и извршила службен разговор со тројца малолетници од Ресен во врска со објавениот видео материјал на социјалната мрежа „тик-ток“, на кое се гледа како тие сквернават гробови во Ресен, соопштија од МВР.

„Со малолетниците, во присуство на родител, е извршен службен разговор, а по документирање на случајот, во координација со надлежен обвинител, ќе бидат поденесени соодветни поднесоци“, информираа од МВР.

Поврзани новости