Пронајдени телата на сите настрадани во хеликоптерот на Брајант

by fokus

Телата на деветте лица кои го загубија животот при падот на хеликоптерот на поранешниот НБА кошаркар, Коби Брајант се извлечени, јавија американските медиуми.

Три тела беа извадени од остатоците во неделата, а останатите шест доцна синоќа.

– Остатоците се земени од местото на несреќата и се однесени во центарот за судско испитување на одделот, соопшти локалната полиција на Лос Анџелес.

Инспекторите работат на местото на настанот целосно да ги разберат причините за трагичниот инцидент.

Поврзани новости