Утрово околу 05.15 часот бил приведен Н.А. од село Ваксинце, општина Липково, поради тоа што при претрес во неговата куќа во село Ваксинце, извршен врз основа на судска наредба, во помошен објект полициски службеници пронашле 81 лице – мигранти (62 возрасни и 19 малолетни лица) од земјите од Блискиот Исток.

Миграните биле пренесени во прифатен центар Табановце. По целосно расчистување на случајот против Н.А. ќе биде поднесена соодветна пријава