Пронајдени 180 стебла од канабис кај с. Блаце

by fokus

Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници пронајдоа 180 стебла канабис во близина на селото Блаце.

„На 19.08.2019 полициски службеници од Единицата за недозволена трговија во содејство со полициски службеници од други единици при СВР Скопје како и полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Блаце“ во атарот на с.Блаце кај место викано „Вражји вир“ пронајдоа 180 стебла од канабис, како и опрема за одгледување. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.

 

 

Поврзани новости