Пронајдена жената која се изгуби во Катланово

by fokus

81-годишната жена чија фотографија вчера масовно се споделуваше на социјалните мрежи со апел дека е изгубена во Катланово, е пронајдена и се наоѓа дома.

Апелот вчера го објавија блиски лица на Јелица Здравковска. Беше наведено дека дека таа боледува од деменција и Паркинсонова болест, а се изгубила околу 14 часот во Катланово.

Исто така, тие информираа дека мештани ја забележале како се качува во сив автомобил од марката BW.

-Се е во ред, Јелица е дома, ја најдовме. Малку избрзавме со апелот, таа влегла во некој дуќан, се се заврши добро – изјавија за ,,Фокус” ближните на Здравковска.

В.К.

Поврзани новости