Пронајдена мртва жена во околината на Радовиш

by fokus

Труп на женско лице бил пронајден во околината на Радовиш, а претходно истото лице било пријавено за исчезнато, соопштуваат од МВР.

„На 16.08.2018 година во 08.25 часот во Полициската станица Радовиш, граѓанин пријавил пријавил дека на место викано „Ќучук Ерик“, атар на Радовиш, забележал починато женско лице. Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Радовиш, а од страна на лекар од Јавната здравствена установа Радовиш било констатирано дека на телото нема траги на насислство. Лицата Т.М. и С.М. од Радовиш извршиле препознавање на починатото лице и потврдиле дека се работи за нивната мајка Т.М., која на 11.08.2018 година во Полициската станица Радовиш била пријавена за исчезната“, додаваат од МВР.

Поврзани новости