Пронајден исчезнатиот Михаил од Драчево

by Fokus

Михаил е пронајден, во добра здравствена состојба и е вратен во семејството, потврдуваат од МВР. Според информацијата детето било пронајдено во времето додека еден од родителите го пријавувал случајот во полиција.

Неофицијално, детето е пронајдено на автобуска станица во населбата Циглана, а се истражува како стигнал до таму.

Ученикот Михаил неофицијално се изгуби денеска, а неговата мајка молеше за информации за изгубениот син и по социјалните мрежи, откако случајот го пријавила и во полиција.

Мајката Анета Илијевска, молеше, доколку некој има информации за детето да ја контактираат или да се јават во полициската станица во Драчево.

Поврзани новости