Промовирани новите масла од канабис со поголема концентрација на ТХЦ

by fokus

РеплекФарм денеска ги промовираше новите два производи од масло од Канабис:

· Каноил Канц 300мг THC+ 300 мг CBD од 120 ml
· Каноил Канц 600мг THC+ 600 мг CBD од 240 ml

Овие масла се со поголема концентрација на ТХЦ од претходните кои порано беа пуштени во продажба и ќе се продаваат во аптеките само со рецепт.

Од Реплек велат дека препаратите се произведени по највисоки стандарди , со стандардизирани суровини од европско потекло. По повод лансирањето на новите производи, РеплекФарм вечерва во клуб ресторанот „Ден и ноќ“ организира предавње за лекари за медицинската примена и квалитетот на маслото. Предавањето е со почеток во 20:30 часот.

Поврзани новости