People to People International Skopje го организира настанот „Разбери ја попреченоста“ на којшто ќе биде промовирана истоимената публикација којашто обработува животни приказни на пет лица со попречености и нивните семејства. Настанот ќе се одржи утре со почеток во 10:30 часот во ЕУ инфо центарот.
На настанот свои обраќања ќе имаат следниве говорници:
*Вера Апостоловска- Животот на една тинејџерка со церебрална парализа
*Ема Ананиевска- Лицата со оштетен вид и нивната инклузија во општеството
*Маргарита Гулевска (Отворете ги прозорците)- Значењето на асистивната технологија за лицата со попречености
*Ангел Димитриевски- 15 години живот со епилепсија
*Теано Кардула- Аутизмот не е проблем, туку секојдневие
*Сара Кочан (претседателка на пара-танц категоријата на Македонија)- Танцот како алатка за подобрување на психо-физичкиот развој кај лицата со попречености
*Ивана Крстиќ- Важноста од градење на врски меѓу младите со типичен развој и младите со попречености