Промоција на книгата „Град без љубов“ вечерва во осум часот во кино Култура

by Fokus 12:31
12:31

Промоција на книгата „Град без љубов“ на архитектот Александар Петров ќе се одржи вечерва во 20 часот во кино Култура.

Според поканата, авторот на книгата пишува за проектот Скопје2014 година, за кој се потрошени околу 600 милиони евра.

- Advertisements -

– Проектот Ск-14 се зароди од една болна потсвест на единка-систем, која го поима европскиот космополизам како хаусцилација, интерпретација од недостаток на психомоторички способности. Токму таа систематика ни наметна лажна проевропска реторика, со која успеа да ни ја запечати трагедијата преку временската и формалната деформација на така сфатениот „барок“. Се надевам дека преку овие записи ќе го одбранам спротивното и ќе го доловам оргиналното – пишува авторот Петров како најава за книгата.

Поврзани новости