Променливо време со локални врнежи – многу повеќе сонце од понеделник, детали

by Фокус

Во текот на денешниот ден ќе имаме сончево време со умерена локална облачност. Во попладневните и во вечерните часови облачноста ќе се зголемува и ќе има услови за слаб локален дожд и снег на планините. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец и истиот повремено, особено Долж Повардарието ќе засилува. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 13 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со умерена, кон крајот на денот и навечер и позначителна облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната дневна температура на воздухот ќе се искачи до околу 11 степени. Потоа до недела кај нас ќе се задржи променливо облачно време. Ќе има и повремени локални врнежи од дожд и снег на планините, особено во јужната половина од државава.

Веќе од понеделник ќе имаме многу повеќе сонце а максималните дневни температури ќе бележат тенденција на понатамошен пораст. Пониски ќе бидат минималните температури кој и понатаму понекаде ќе се спуштаат и под нулата.

Подготви: Славчо Попоски

Поврзани новости