Промена во сопственичката структура на ТВ Алсат без да биде известена Агенцијата

by fokus

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изрече мерка опомена до ТВ Алсат М за законско прекршување од причина што Агенцијата не била известена за промената во сопственичката структура на телевизијата.

При вонреден административен надзор врз работата на ТВ Алсат-М, Агенцијата констатирала дека радиодифузерот извршил промена на сопственичката структура, без претходно да ја извести Агенцијата и пред промената да биде одобрена од страна на Агенцијата.

„При редовен увид во огласниот дел на веб страницата на Централниот регистар во којшто се објавуваат сите извршени промени кај трговските друштва, стручната служба на Агенцијата констатираше дека на 20.10.2017 година е извршена промена од основовачите на Трговското радиодифузно друштво АЛСАТ-М ДОО Скопје. Со промената, во сопственичката структура пристапило физичкото лице Имихане Велија“, стои во образложението на одлуката на Агенцијата.

Инаку, уделот на Имихане Велија во сопственоста на телевизијата изнесува 0,07 отсто од основната главнина.

Поврзани новости