Програмерка најде слабост во апликацијата за попис, ДЗС негира

by fokus

Државниот завод за статистика ги негира наводите дека апликацијата за попишување на иселениците е пробиена, оценувајќи ги ваквите информации како неточни и деструктивни.

Реакцијата доаѓа по објавата на програмерка од Македонија која тврди дека со користење на ВПН адреса, од Македонија ја пополнила апликацијата за попис која може да се отвори само од странство.

Од Заводот укажуваат дека, со внесувањето на податоци преку VPN, односно прикриена IP адреса, самото користење на таква алатка за внес на податоци во пописот може да подлежи на санкции.

Програмерката која открила голема слабост во системот за самопопишување е согласна дека има кривично дело ако почнат луѓе да се попишуваат низ дупката која ја увидела и тестирала, и токму затоа и ја објавила.

Вели дека не е единствена која ќе го видела проблемот, затоа што е премногу лесно да се најде. Но, таа тестот веднаш го објавила, а денеска ги повика и од Заводот, да го затворат профилот, затоа што нејзината цел е да укаже на проблемот, а не да влезе во крајните податоци на пописот.

Поврзани новости