Прогноза: Врнежливо и топло време, снег на Попова Шапка и Маврово

by Фокус

Времето денеска ќе биде облачно, со врнежи дожд, а на планините на северозапад ќе врне снег. Како што информира УХМР, на одредени места врнежите ќе бидат поројни и пообилни со над 20 литри на метар квадратен. Минималната температура ќе се движи од 2 до 8, а максималната од 6 до 13 степени.

Од утре и во деновите потоа ќе преовладува претежно стабилно време, освен во крајните западни делови каде ќе има услови за повремени врнежи од дожд.

Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено. Врнежи од снег има на Попова Шапка и во Маврово. Поради појава на магла видливоста на патниот правец Тетово-Попова Шапка и на планинскиот превој Плетвар е намалена до 50 метри.

Поврзани новости