Професорски пленум: СПУМК продолжува со обидите за фалсификување на студентската волја

by fokus

Професорскиот пленум го поддржа Студентскиот пленум во напорите да се спротивстават на уште еден обид за злоупотреба на студентското организирање.

-Откако Студентскиот пленум ја алармираше јавноста околу истечениот мандат на Претседателот на СПУКМ Кирил Спировски и нелегалниот статус на претставниците на студентите коишто ќе гласаат за избор на ректор на УКИМ, истите тие нелегални претставници продолжуваат со обидите за фалсификување на студентската волја.
Професорскиот пленум најостро го осудува обидот на нелегалното раководство на СПУКМ да организира избор за претседател во експресен рок и по завршувањето на академската година, т.е. во време кога најголем број студенти се отсутни и не се во можност ниту да се кандидираат, ниту да гласаат, се вели во реакцијата на Професорскиот пленум.

Професорскиот пленум ги потсетува Ректорот на УКИМ, Ректорската управа и сенаторите на УКИМ дека фалсификувањето на изборот на студентски претставници во органите и телата на УКИМ не е само проблем на студентите, како што тврди ректорот Стојковски, туку дека директно влијае на целокупното работење на универзитетот како и на законитоста на претстојниот избор за ректор.

Поврзани новости