Професорот Цуцуловски за промените на Уставот: Кога нешто се отвора, може нешто и да влезе – исто како Пандорината кутија

by fokus

Универзитетскиот професор Љубомир Цуцуловски, во синоќешното гостување во емисијата „Отворено“ на АЛФА, говореше за менувањето на Уставот. Според него, некои елементи можат да бидат исфрлени, но треба да се внимава, затоа што некои елементи ќе бидат и внесени.

„Отворањето на Уставот е еднакво на отворањето на Пандорината кутија. Еден од моментите е што кога се отвора кутијата излегуваат сите зла, а единствено што останува е надежта. Луѓето не водат сметка дека кога нешто се отвора, нешто може и да влезе. Со отворањето на Уставот, се отвораат можности некои елементи од Уставот да бидат исфрлени, избришани или корегирани, а некои да бидат внесени“, порача Цуцуловски.

Поврзани новости