Професорот Литовски: Посетата на Каракачанов во Македонија секогаш е политичка провокација

by fokus 10:47
10:47

Историчарот Александар Литовски смета дека посетата на потпретседателот на бугарската Влада, Каракачанов на Битола, обично во Македонија за одредени кругови секогаш претставува политичка провокација, толкување на историјата, личности од историјата, вели во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, проф. д-р Александар Литовски.

-За изненадување салата беше доста полна. Некои од порталите напишаа дека се чекало ред и за потпис на самата книга. Тоа што доаѓа од бугарските националистички кругови е редовна провокација и нема многу врска со науката и политиката туку со некои неостварени национални соништа од минатотот кои некои луѓе во 21 век сериозно мислат дека можат да ги остварат и реализираат. Јас не верувам во таквите можности и овие ситни провокации не треба да вознемируваат. Што се однесува до подигањето на прашина, сметам дека и малку се подигна. Во некоја обратна ситуација, доколку ние би отишле во Бугарија и таму би продавале такви тези би било голема врева- вели проф. др.Литовски во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“.

- Advertising -

Поврзани новости