Професорот Димовски: Формирањето на војската во Косово не треба да ја вознемирува Македонија

by fokus

Се уште актуелна тема во регионот е формирањето на косовската војска. Дел од политичките лица во светот го поддржуваат тоа, но некои упатија силни критики за ваквата одлука.

Универзитетскиот професор, Злате Димовски во синоќешното гостување во „Отворено“ на АЛФА ТВ, даде свој коментар околу целосната ситуација. Тој смета дека нема потреба за загриженост по ваквиот развој на настаните.

„На Косово досега имаше население, територија, но примеси во обезбедувањата имаше Меѓународната заедница. Со формирањето на војската, Косово ги добива сите атрибути на една држава. Дали е некаква опасност? Дали формирањето претставува проблем, дали со самата дефанзивност која ќе ја реализира таа армија би можела да биде проблем?. Формирањето на војската на Косово значи многу. Не треба толку да не вознемирува тоа толку нам како држава“, рече Димовски.

Поврзани новости