Професорката Котлар до СДСМ: Пукајте, ние и сега држиме историски час!

by fokus

Професорката од Институтот за национална историја Наташа Котлар, која беше гостин во отвореното студио на МРТ за Илинден, испрати порака до владејачката партија откако СДСМ ја осуди програмата од преносот и побара оставки.

„По повод заедничкото учество со професорот Михајло Миновски во пригодната емисија за ИЛИНДЕН на МТВ, ќе одговорам со парафразирање на една позната мисла: „Пукајте, ние и сега држиме историски час! Честит Илинден, Македонија вечна!“.

По повод заедничкото учество со професорот Михајло Миновски во пригодната емисија за ИЛИНДЕН на МТВ, ќе одговорам со…

Publiée par Natasa Kotlar sur Jeudi 2 août 2018

Фразата која ја употребува Котлар потекнува од Втората светска војна во Србија. „Pucajte, ja i sada drzim svoj cas“ му се припишува на директорот на гимназијата во Крагуевац, Милоје Павловиќ, кој бил стрелан од фашистите во октомври 1941 година, заедно со своите ученици.

 

Поврзани новости