Проф. д-р Драгољуб Арсовски реизбран за Претседател на Управниот одбор на ТТК Банка АД Скопје

by fokus

Во согласност со Глава 6 од Правилата за котација, ТТК Банка известува за следниве измени во органите на управување:

Ве известуваме дека, со Решение на Гувернерот на Народната банка на Република Северна Македонија бр. 15-23906/11 од 28 декември 2020 година, е издадена претходна согласност за повторно именување (реизбор) на проф. д-р Драгољуб Арсовски за член на Управниот одбор на ТТК Банка АД Скопје.

Во согласност со Одлуката на Надзорниот одбор на Банката бр. 02-6390/5 од 30.9.2020 година со која проф. д-р Драгољуб Арсовски е повторно именуван (реизбран) за член, тој исто така е избран и за претседател на Управниот одбор на ТТК Банка АД Скопје.

Врз основа на донесената Одлука на Надзорниот одбор на Банката бр. 02-6390/5 од 30.9.2020 година и издадената претходна согласност од Гувернерот на Народната банка на Република Северна Македонија, со Решение бр. 15-23906/11 од 28 декември 2020 година, на ден 29.12.2020 година е извршен упис во надлежниот регистар што се води во Централниот регистар на Република Северна Македонија.

Поврзани новости