Проектот за бакар и злато во Иловица – Штука е пример засовремено, безбедно и одговорно рударство

by Fokus 17:57
17:57

Развојот на рудникот за бакар и злато во Иловица–Штука се карактеризира како пример за современо, безбедно и одговорно рударство. Euromax Resources ДОО („Еуромакс“)во изминатите неколку години, во сите претходни фази од развој на рудникот, работеше според највисоките стандарди на македонското и европското законодавство, а сите досегашни резултати од работењето се транспарентно објавени и јавно достапни.

Наша цел е да го развиваме проектот според принципите навзаемна доверба и партнерство, бидејќи се работи зе значаен проект што ќе донесе големи придобивкизалокалната и националната економија. Нам ни е важно заедницата да се чувствува безбедно, имајќи предвид дека сакаме да го развиваме проектот заедно со сите засегнати страни. Нашиот проект нема да има какво било влијание врз здравјето на граѓаните и на нашите вработени, ниту ќе има негативни ефекти на другите дејности, како што е земјоделството.

- Advertisements -

Еуромакс би сакал да ја појасни својата позиција во врска со употребата на цијанид. По консултации со клучните засегнати страни, Еурмакс одлучи да не користи цијанид во процесот на преработка на рудата во рамки на овој проект. Компанијата нема да го менува основниот начин на преработка, а тоа е производство на концентрат за извоз преку процес на флотација и не предлага примена на нова технологија. Флотацијата е физички процес, кој вклучува дробење и мелење на рудата до многу ситен прав и физичкото одвојување на минералните зрна кои содржат скапоцени метали, како бакар, злато и сребро, од минералите што немаат вредност. Процесот на флотација не вклучува хемиско разложување или третирање на рудата.

Третирањето на рудата со цијанид беше првично предложено како дополнување на флотацијата за третирање на мала фракција од материјалот во танкови за производство на злато во самиот рудник. И додека истражувањата покажуваат дека овој процес е безбеден, ние ја донесовме одлуката како одговор на грижата искажана од локалното население. Дополнителниот процес на третирање со цијанид ќе овозможеше компанијата да произведува македонско злато во земјата и да го продава на Националната банка на Република Македонија, како што е утврдено со Закон, на тој начин зголемувајќи ги резервите на злато на Македонија, но заедно со нашите акционери, вклучувајќи ја и Европската банка за обнова и развој, одлучивме да се откажеме од овој приход, почитувајќи ги желбите и загриженоста на локалното население.

Проектот за равој на рудник за бакар и злато во Иловица е една од најголемите инвестиции во Република Македонија во последните 25 години, вредна над 343 милиони евра. Преку активностите на рудникот компанијата ќе придонесе кон развојот на економијата што ќе резултира со раст на бруто домашниот производ од 3% на годишно ниво и директно ќе вработи 500 луѓе и дополнителни 2.700 луѓе индиректно, преку ангажман на локални добавувачи и подизведувачи. Околу 180 милиони евра од планираните 343 милиони евра инвестиции ќе бидат вложени во текот на првите 2 години од периодот на изградба директно во Македонија и ќе претставуваат голем економски поттик за земјата.

Компанијата понатаму ќе вложува годишно74 милиони евра за набавки во рамки на Македонија во период од 20 години работа на рудникот и ќе придонесе со 24 милиони евра годишно во даноци за време на активностите.

По консултации со локалното население, образовните институции и деловната заедница, Еуромаксобјави список на директни работни места во проектот Иловица – Штука, за кои ќе организира конкурс, откако ќе ги добие потребните дозволи за екплоатација. Опсегот на работните места (488) е во согласност со потребите содржани во Физибилити студијата за проектот, а се земаат предвид сугестиите од локалните засегнати страни.

Компанијата ги има доставено сите неопходни документи што произлегуваат од концесијата, а кои можеа да се достават, имајќи предвид дека одредени процеси доцнеа поради политичката криза во Македонија и ограничената моќ на одлучување на техничката Влада, која ги следеше препораките надржавната Комисија за борба против корупцијата.

Еуромакс спроведува активности за вклучување на сите засегнати страни со цел да обезбеди сите, вклучувајќи ги и граѓанските организации, да имаат јасни информации за проектот и ги повикува сите што имаат одредени ставови или загриженост за проектот да стапат во контакт со компанијата.

Еуромаксе компанија која е котирана на берзата во Торонто, а е во доминантна сопственост на престижни инвеститори од САД, Велика Британија и Канада, вклучувајќи ги и Европската банка за обнова и развој, Инвест банката, Ројал Голд и Еквинокс Партнерс. Со исклучок на ЕБОР, најголемиот дел од инвеститорите прв пат вложуваат во Македонија.

Поврзани новости