Проектил од огнено оружје завршил во автомобилски покрив на тетовец

by fokus

42 годишен тетовец, додека се движел со својот автомобил, слушнал силен удар во пределот на покривот од своето возило. Во полициската станица Тетово, пријавил дека станув збор за оштетување од проектил од огнено оружје, пренесуваат од МВР.

„На 06.08.2018 година во 22.50 часот во Полициската станица Тетово, Р.М. (42) од с.Теарце, тетовско, пријавил дека истиот ден околу 22.20 часот, додека се движел со неговото патничко возило „Фолксваген Пасат“ со швајцарска национална ознака по регионалниот пат Тетово-с.Јажинце, слушнал силен удар во пределот на  кровот. Кога излегол од возилото забележал дека е оштетено од заталкан  проектил од огнено оружје. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.

Поврзани новости