Продолжување на притворот за Камчев, а одземање на македонскиот и бугарскиот пасош на неговата мајка, бара обвинителството

by fokus

Откако денеска Обвинителството поднесе обвинение за случајот „Плацевите на Водно“, односно за тајниот имот на екс премиерот Никола Груевски, побара и мерки за обезбедување на дел од осомничените.

Па така се бара притвор за Груевски, по неговото пронаоѓање, а за бизнисменот Орце Камчев побара продолжување на притворот.

За обвинетиот Ненад Јосифовиќ обвинителството бара определување на мерка на претпазливост, односно обврска да се јавува еднаш неделно во Кривичниот суд. За мајката на Камчев, Ратка Камчева, пак обвинителството бара повеќе мерки.

-За обвинетата Р.К.К. мерки на претпазлвост – Обврска да се јавува еднаш неделно кај определено службено лице во Основниот кривичен суд Скопје и привремено одземање на патна исправа за преминување на државна граница односно забрана за нејзино издавање и тоа патна исправа издадена од Република Северна Македонија и патна исправа издадена од Република Бугарија. Јавниот обвинител побара мерките да траат до правосилно завршување на кривичната постапка, велат од Обвинителството.

Поврзани новости