Продолжуваат пријатните температури преку ден

by fokus

Под влијание на релативно топла воздушна маса од југ, како што веќе најавивме, и понатаму ќе имаме натрпосечно високи температури на воздухот кои ќе се искачуваат во интервалот претежно од 11 до 19 степени во најтоплите предели од државата.

Времето ќе биде сончево со умерена локална, а за викендот локално ќе има и позначителна облачност кога ќе дува умерен ветер од југоисточен правец кој повремено и локално ќе биде засилен по интензитет и тоа особено долж Повардарието.

Под влијание на нов влажен бран, нови врнежи од дожд ќе има во текот на ноќта недела кон понеделник, како и во понеделник, особено во претпладневните часови. На високите планини ќе има услови за провејување на снег.

Подготви: Славчо Попоски

Поврзани новости