Продолжува судењето за смртта на малиот Алмир во Куманово

by fokus

Судскиот процес против Бобан Илиќ, обвинет за смртта на малиот Алмир Алиу ќе продолжи денеска во Основниот суд во Куманово.

Додека трае судскиот процес и денеска пред зградата на судот ќе се одржи мирен протест што го организира граѓанското здружение „Зери“ (Глас).

Освен Бобан Илиќ, кој е осомничен за убиство и за обид за убиство, во обвинението се опфатени и таткото на Алмир и негови двајца роднини. Тие се обвинети за насилство.

На 26 јули минатата година по вербална расправија во кумановската болница по физичка напад да избега со автомобил, Бобан Илиќ директно удрил во детето, по што четиригодишниот Алмир почина како последица на нанесените повреди.

Поврзани новости