Продолжува судењето за Ејуп Алими за уништување на изборен материјал

by fokus

Ново рочиште денеска е закажано во Кривичниот суд за предметот на Специјалното јавно обвинителство „Титаник 3“.

Во предметот обвинети се координаторот на пратеничката група на ДУИ, Ејуп Алими и Исмет Гури, затоа што како членови на Општинската изборна комисија во Чаир „уништувале изборен материјал“.

Претходното рочиштето за овој предмет беше одложено поради итни семејни обврски на втората судијка Годрана Спировска.

Поврзани новости