662
Пратениците денеска треба да ја продолжат расправата по предлог-измените на Законот за основно образование, поднесени од страна на опозицијата.
Во текот на вчерашниот ден имаше жестока расправа. Опозицијата ја обвини власта дека досега не обезбедила јавна дебата со сите засегнати страни за да ги аргументира потребите од оваа, според нив, неуспешна реформа чиј концепт ќе му зададе последен удар на и онака уништеното образование.
Пратениците од владејачката ВМРО-ДПМНЕ пак го бранеа екстерното како концепт кој ќе обезбеди контрола и поголем квалитет, а токму опозицијата според нив бара уназадување на образованието заради политички поени.