Продолжува расправата во собраниската комисија за ребалансот на буџетот

by fokus

Комисијата за финансирање и за буџет денеска во 11 часот ќе го одржи четвртото продолжение на седницата на која се води расправа за предлогот на Владата за ребаланс на буџетот за 2017 година. Основата цел на ребалансот, како што образложи министерот за финансии, Драган Тевдовски, е да се намалат непродуктивните трошоци и да се обезбеди простор за реализација на политиките на новата влада.

Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, во соопштение до медиуми утрово велат дека со предложениот ребаланс на буџетот СДСМ планира дополнително зголемување на задолжувањето од цели 150 милиони евра до крајот на годинава.

 

Поврзани новости