Продолжува пребрзото возење во Скопје

by Fokus

Полицијата денеска санкционираше возачи во Скопје, кои возеле со брзина поголема од пропишаната, велат од МВР.

„Денеска (21.07.) од 12 до 18 часот полициски службеници од СВР Скопје спроведоа засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, на територија на Скопје, при што санкционирани се 82 возачи. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, додаваат од МВР.

Поврзани новости