Продолжува крводарителската акција на групацијата Новоматик во Македонија

by fokus

Во насока на продолжување на серијата хуманитарно-донаторски активности кои групацијата Новоматик ги започна уште на почетокот на пандемијата со Ковид -19, денес педесетина вработени од Астра Казино под мотото „Дарувај крв спаси живот“ во Домот на хуманитарни организации „Даре Џамбаз“ во Скопје и во Центарот за трансфузија во Охрид даруваа крв.

Да се дарува крв и да се спаси нечиј живот е благородно дело и одраз на високи етички, хуманитарни и морални вредности и токму ова е пораката која преку нашите хуманитарни активности сакаме да ја упатиме и да допринесеме за подигање на нивото на здравствената култура и јавната свест.

Крводарителската акција ќе продолжи и во наредните денови со тоа што ќе се приклучат и вработените од уште неколку градови во Македонија како Битола, Куманово и Неготино.

Астра Казино на почетокот на пандемијата со ковид-19, донираше и болнички кревети и средства за дезинфекција во вредност од 40 илјади евра на ЈЗУ Општа Болница – Охрид.

Поврзани новости