Продолжува изведувањето на докази во случајот „Рекет“

by Фокус

Во Кривичниот суд денеска обвинителството ќе продолжи да ги презентира доказите во случајот „Рекет“, во кој обвинети се Бојан Јовановски-Боки 13 и поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, како и Зоран Милевски-Кичеец, кој на почетокот на судскиот процес призна вина и е осуден на три години затвор.

На претходното рочиште, беа презентирани фактури според кои обвинетиот Јовановски и неговата мајка за три дена на шопинг во Милано потрошиле речиси 150 илјади евра, како и пораки што ги разменувал Боки 13 и пратеничката Фросина Ременски, со сведокот Орце Камчев и со Дејан Панделевски-Пелистерка.

Во судницата претходно беа прикажани и фотографии од предмети одземени од домот на Јанева во Скопје и во Гевгелија, во нејзината канцеларија во СЈО, како што се мобилни телефони, лап топ, два надворешни хард диска, десет УСБ-а, фактури и белешки. Од нејзиниоѕ дом биле одземени и кожна гарнитура и дрвена маса.

На судењето беа прикажани и фотографии од одземениот мебел од домот на Јовановски во Орман, а при претресот на ТВ1 и канцеларијата што ја користел Јовановски биле одземени компјутери и опрема, тефтери, документи и уметнички слики.

Поврзани новости