Продолжува измачувањето на животните, мртво куче врзано со јаже

by Фокус

Здружението за заштита на животните „Мали херои“ од Битола жестоко реагираше на изживувањето врз куче, кое на грозоморен и загрозувачки начин е лишено од својот живот. Тие тврдат дека добиле дојава од граѓани за мртво куче врзано со јаже.

– Едниот крај од јажето околу неговиот врат, а другиот за еден од контејнерите кои што се наоѓаат на ул. Партизанска, поточно во делот СИМПО. Идентитетот на извршителот на овој грозоморен акт за жал не е познат, затоа апелираме до сите граѓани на општина Битола кои што имаат било каква информација да не известат. Ние како здружение за Заштита на животните, исто така апелираме до надлежните да си ја работат својата работа, да  излезат на терен и да сторат се што е во нивна моќ да го пронајдат монструмот на ова кривично дело – се наведува во соопштението на Здружението.

Тие потенцираат дека животните во  Македонија се заштитени со закон за благосостојба на животните, така што секое превземено дејстиве како што е измачување, иззживување, труење или на било каков друг начин на лишување од живот на животното следува и соодветна санкција.

 

Поврзани новости