Продолжува истата шема, нови искршени и уништени штабови, на куќа испишан и заокружен бројот 13 и ВМРО

by Fokus

Вчера во 7.15 часот во Полициска станица Неготино, пријавено е оштетување на штаб на политичката партија „СДСМ“ лоциран во село Криволак, при што се испишани графити со навредлива содржина.

Исто така, околу 9 часот е пријавено дека на куќа сопственост на М.Ј.(70) од село Криволак од страна на непознато лице е испишан и заокружен бројот 13 и натпис ВМРО.

Претходно, беа оштени неколку штабови на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, и ДУИ.

Поврзани новости