Продолжува брзото возење во Скопје, полицијата санкционира

by Fokus

На територијата на град Скопје вчера во рамки на засилените сообраќајни контроли се изречени вкупно 163 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 51, 17 санкции за возење без возачка дозвола, три за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Од МВР денеска соопштија дека се изречени и осум санкции за користење мобилен телефон, 27 за некористење сигурносен појас и 39 санкции за непрописно паркирани возила.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, најавија од МВР и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Поврзани новости