Продолжува брзото возење низ цела држава

by Fokus

Низ целата територија на Македонија се вози брзо, а МВР има полни раце работа постојано, информираат од ова министерство.

„Во текот на вчерашниот ден (17.06.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 554 возачи. Од нив, 101 возило се движело со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 16 возилa се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Најголем број од санкциите се изречени на територија на СВР Тетово – 106, а потоа на територија на СВР Скопје – 83, на територија на СВР Охрид – 67. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, додаваат од МВР.

Поврзани новости