Продолжена кризната состојба заради недостиг на струја и топлинска енергија

by fokus

Собранието на денешното продолжение на 86-тата седница, изгласа продолжување на рокот на кризните состојби заради недостиг на електрична енергија на територијата на цела држава, како и заради недостиг на топлинска енергија во Скопје.

Со 83 гласа „за“, ниту еден „против“ и ниту еден „воздржан“ беше изгласано продолжувањето на рокот на постоење на кризна состојба на целата територија на Република Северна Македонија, заради недостиг на електрична енергија и состојбите на пазарите на електрична енергија, а со 86 гласа „за“, ниту еден „против“ и ниту еден „воздржан“, беше изгласана предлог-одлуката за продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на подрачјето на Град Скопје, заради недостиг на топлинска енергија, можноста за користење на алтернативно гориво и состојбите на пазарот на топлинска енергија.

Денеска не беше отворен претрес за третата и четвртата точка од дневниот ред на 86-тата седница – Предлог на просторен план на Национален парк Пелистер 2016-2030 и Предлог на закон за изменување на Законот за финансиска дисциплина, поради тоа што матичните комисии се уште ги немаат разгледано тие предлози. Продолжението на седницата ќе биде дополнително закажано.

Поврзани новости