4
Високиот суд во Нови Сад го продолжи за уште 30 дена притворот на осомничените во истрагата за уривањето на настрешница на Железничката станица на 1 ноември, соопштија за Танјуг од Вишиот суд во Нови Сад.
Продолжен е и куќниот притвор на сите осомничени. Во падот на настрешницата загинаа 16 лица, а едно лице е тешко повредено.
На крајот на минатата година беше поднесен обвинителен акт против 13 лица.