Продадена е некогашната амбасада на СФРЈ во Бон за 2,7 милиони евра

by Фокус

Земјиште што беа дел од некогашната југословенска федерација ја продадоа зградата на амбасадата на СФРЈ во германски Бон за околу 3,7 милиони евра, објави новинската агенција СТА, повикувајќи се на информации од словенечкото МНР.

Зградата на амбасадата, која зафаќа површина од 5.400 квадратни метри со градина, е изградена пред повеќе од 40 години, но не е користена во последните две децении и е во многу лоша состојба.

Амбасадата последен пат ја водеше словенечкиот дипломат Борис Фрлец како амбасадор на поранешна Југославија во Сојузна Република Германија меѓу 1989 и 1991 година.

Покрај резиденцијата во Бон, земјите наследнички на СФРЈ во текот на изминатата година и пол ги продадоа и поранешниот конзулат во Њујорк и поранешната амбасада во Токио.

Исто така, на продажба се и зградите на некогашната мисија на Југославија во Њујорк и на поранешната амбасада во Берн.

Поврзани новости