Прочка – денот кога родителите се јавуваат кај синовите во странство за да им се прости!

by lali 10:47
10:47

Денес е денот кога родителите се јавуваат кај своите деца кои им заминаа во странство за да им простат што не успеале да се изборат за нивната подобра иднина во Македонија. Да им простат што биле принудени да се согласат нивните деца за заминат во странство во потрага по подобар живот. Да им простат што дозволија својата сопствена држава да ја втурнат во долгови што нивните деца ќе ги наследат. Да им простат што на време не ги натерале да извадат партиска книшка којашто е единсвен предуслов да најдат работа во Македонија и останат. Затоа и голем дел од нив заминаа во потрагата по егзистенција и остварување на својот сон надвор од Македонија, а за жал повеќето не ни помислуваат да се вратат назад.

Немам сомнеж дека децата ќе им простат на родителите, но се прашувам дали родителите треба да им простат на оние којшто беа главната причина за нивните деца да си одат далеку од дома, надвор од Македонија?

Поврзани новости