Проблеми за Гатузо: Милан остана без дефанзивци!

by Fokus

Италијанскиот гигант Милан се соочува со огромни проблеми кога станува збор за повредените играчи. Откако се дозна дека Бонавентура ќе отсуствува четири до пет месеци, денеска нови шокантни вести доаѓаат од Милано.

Капитенот Алесио Ромањоли заработил повреда на мускулот и ќе отсуствува четири седмици од терените. Исто така, крилниот дефанзивец Давиде Калабрија се пожалил на повреда, што никако не оди во прилог на стратегот Гатузо.

Единствен дефанзивец кој во моментов не е повреден кај Милан е Кристијан Запата, кој почесто е на клупата за резервни играчи.

Поврзани новости