Про кредит банка организира Агро бизнис форум

by Фокус

Лидерот во финансирањето и поддршката на агро бизнис секторот, Про кредит банка, и годинава организира Агро бизнис форум, кој ќе се оддржи на 17 декември во хотелот Александар Палас, под мотото ‘’Модерно во агро’’.

‘’ПроКредит е модерна, германска банка. Секоја година воведуваме иновации во услугата на клиетите, а агро секторот е наш посебен фокус. Со целокупната наша активност кон агробизнисите и настани од овој тип сакаме да поттикнеме инвестиции во модернизација, развој на бренд и иновации. Тоа е патот за развој и успех на македонскиот агробизнис, кој веруваме дека има голем потенцијал – вели Емилија Спировска, член на Управниот одбор на Про кредит банка.

На настанот се предвидува да бидат соопштени и наградени агробизниси кои се занимаваат со примарно земјоделие, органско производство и преработка на земјоделски производи кои изминатата година направија значајни инвестиции во модернизација и развој, имплементираа иновативни практики кои се уникатни и имаат значајни планови за раст во иднина.

На форумот се очкеува министерот за земјоделие Михаил Цветков да ги соопшти новите законски измени кои отвараат нови можности за македонските земјоделци, а ќе се отворат и прашања како заеднички да се создаде препознатлив македонски производ.

Про кредит банка досега има наградено над 30 успешни агробизниси, додека минатата година наградените учествуваа и на наголемиот саем за земјоделие и храна во Европа – Фруитамп.

Поврзани новости