Признание Red Dot 2020: новиот PEUGEOT 208 и SUV PEUGEOT 2008 со престижно признание за дизајн

by fokus

Новите модели PEUGEOT 208 и SUV PEUGEOT 2008 се добитници на “Red Dot“ признанието за дизајн, во категоријата за дизајн на производ.

Лавовскиот бренд, победи во категорија помеѓу 6.500 производи. Ова е шесто признание за дизајнерскиот јазик на PEUGEOT брендот.

Риселхајм, Германија. 30ти март 2020. Официјално е: новиот компактен PEUGEOT 208 и новиот SUV PEUGEOT 2008 се добитници на престижното “Red Dot” признание во категоријата „Дизајн на производ“. Двата модели на PEUGEOT ја импресионираа интернационалната жири комисија со својот спортски надворешен дизајн и извонредната изработка. Францускиот производител, по шести пат е добитник на ова престижно признание.

Хаико ван дер Луит, Извршен директор на PEUGEOT Германија изјави:

„Ние сме горди што сме добитници на посакуваното “Red Dot” признание за дизајн во категоријата „Дизајн на производ“ и тоа за два од нашите модели. Ова нам ни покажува дека во вистинска насока го развиваме DNK кодот на нашиот бренд“.

PEUGEOT 208 и SUV PEUGEOT 2008: впечатлив дизајн и електрична верзија

Со својот впечатлив надворешен дизајн, двата модели ја рефлектираат стратегијата на репозиционирање на брендот неколку скалила погоре. Исто така, жирито беше фасцинирано од вертикалните предни LED светла во форма на лавовски заби, задните стоп LED светла во форма на лавовски канџи, многуте фини детали кај надворешниот и внатрешниот дизајн, револуционерниот 3D i-Cockpit, компактниот спортски управувач со намалени димензии, 10 инчниот мултифункционален екран на допир и високото ниво на препознатливост на брендот.

100% електричните верзии на новиот PEUGEOT 208 и SUV PEGUEOT 2008 се достапни за клиентите. Од аспект на дизајнот, овие верзии суптилно се разликуваат од верзиите со мотор на внатрешно согорување преку: бојата на предната решетка која е во истата боја на каросеријата на возилото, како и преку амблемот лав кој ја менува својата боја во зависност од позицијата од која го набљудувате.

За Red Dot признанието 

Преку 60 години, “Red Dot” признанието се доделува во повеќе категории: „Дизајн на производ“, „Комуникација“, „Дизајн на концепт“. Еднаш годишно производите, комуникациските проекти, концепт дизајните и прототипите кои аплицирале за ова престижно признание, се оценувани од страна на Интернационална жири комисија составена од професионалци од различни области.

За PEUGEOT

Како високо позициониран автомобилски бренд и лидер во мобилноста од сите области на транспортот, PEUGEOT обезбедува најсовремени технологии и решенија, дизајнирани во целост да го задоволат современиот начин на живот. Целиот асортиман на лавовскиот бренд, вклучува гама на патички и лесни комерцијални возила, камперски комбиња и скутери, како и услуги за инајмување возила. PEUGEOT брендот е присутен во 160 земји во светот и се залага за е- мобилност и успешна симбиоза на еко-ефикасност и емоции.

Поврзани новости