Приврзаници на Трамп: Не смееме да им дозволиме на комунистите да победат, ако мораме ќе го спалиме Вашингтон до темел

by Fokus

Знаци на предупредување биле видливи со недели, денови и часови пред упадот на приврзаниците на американскиот претседател Доналд Трамп, во зградата на Конгресот.

Десничарски групи повикувале на социјалните мрежи на граѓанска војна, убиства на политичари и напади на полицијата, а екстремистите сега се погласно повикуваат на насилство пред инаугурацијата на Џо Бајден, пишува Си-ен-ен.

-Трамп или војна. Денеска. Толку е едноставно. Ако не знаеш да пукаш: Мора да научиш. Веднаш. Ќе упаднеме во владините згради, ќе убиваме полицајци, обезбедување, вработени во сојузните органи и агенти и повторно ќе бараме пребројување, се само некои од примерите на насилни објави.

Во средата приврзаниците на Трамп упаднаа во зградата на Конгресот и ја прекинаа седницата на која требаше да се потврди победата на Џо Бајден на претседателските избори. Во нередите загинаа пет лица, меѓу кои и еден полицаец, а стручњаците предупредуваат дека повиците на насилство само зајакнале пред инаугурацијата на Бајден на 20 јануари.

„Забележуваме преписки на заговорници на белечка надмоќ, десничарски екстремисти, сите се чувствуваат офрабрено во моментов“, рече Џонатан Гринблат, извршен директор на Антидифамациската лига.

„Очекуваме насилството да се влоши пред да стане подобро“, предупреди Гринблат.

Трамп прво ги повика приврзаниците да тргнат на Капитол, а по упадот во Конгресот бараше да останат смирени и да си одат дома, но ги повтори непотврдените тврдења за кражба на претседателските избори.

Републиканските лидери, меѓу кои и потпретседателот Мајк Пенс и водачите на мнозинството во Сенатот Мич Мекконел, најстрого ги осудија немирите, но се чини тоа немаше влијание на радикалната десница.

„Трамп ќе се заколне на втор мандат на 20 јануари“, напиша во четвртокот еден интернет коментатор, ден по упадот на толпата во Капитол.

„Не смееме да им дозволиме на комунистите да победат. Дури и ако мораме да го спалиме Вашингтон до темел“, додаде.

Џон Скот-Раилтон, истражувач во Ситизен лаб, група од Универзитетот во Торонто која ја надгледува сајбер-безбедноста , вели дека мнгоу е загрижен за инаугурацијата/

„Иако пошироката јавност беше запрепастена од она што се случи во Конгрсот, во одредени преписки меѓу десничарите, она што се случи се смета за успех“, рече тој за Си-ен-ен.

Поврзани новости